Пристигнаа новите полициски Шкоди – еве како изгледаат (ФОТО)

Извор: www.kurir.mk

Advertisements

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

четврток, 20 септември 2012 14:13:09
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: АМСМ

Писоари ќе ги предупредуваат возачите да не возат!?

Се разбира, кога возачите консумирале алкохол…

Се поголем проблем во сообраќајот претставува управување на моторно возило во алкохолизирана состојба, од страна на несовесните возачи. Од таа причина, властите во земјите низ светот се обидуваат на сите можни начини да го намалат тој број на алкохолизирани возачи.

Еден уникатен начин, ни доаѓа од САД. Имено, во рестораните, кафулињата и дискотеките низ САД се поставени писоари кои детектираат алкохол во урината, и звучно го предупредуваат возачот да на вози во таква состојба.

Оваа акција е започната пред прославата на Денот на независноста, на 4-ти јули.

Извор: koli.com.mk

ГЕРМАНЦИ ИЗМИСЛИЈА ПОКРИВКА ПРОТИВ КРАЖБИ

Германски научници развија нов вид систем против кражба врз основа на т.н. “паметни” ткива. Покривка која реагира и алармира навремено доколку некои сака да го украде вашиот автомобил.

Системот е создаден од истражувачи од два института во Берлин, а се состои од покривка испреплетена со нишки низ кои поминува струја. Тие се поврзани со микро-контролор, кој го зема во предвид секој обид да се оштети или исече покривката. Освен тоа, системот го зема во предвид времето на обидот за влегување во возилото од страна крадецот.

Дополнителен плус за безбедносниот систем е фактот дека материјалот од кој е произведена покривката е сосема безбеден како за луѓето, така и за животните, бидејќи пропушта струја со сосема слаб ефект. Покрај тоа, тој е и мошне евтин, бидејќи за него се користат едноставни материјали како посребрени влакна.

За да ја докажат ефикасноста на системот, научниците спроведоа серија тестови кои се покажаа како мошне успешни. Алармот реагира навремено, а покривката е отпорна и над 40 степени и во просторија со влажност од 85%. Тоа во никој случај нема да се одрази на квалитетот.

Извор: Avto +

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

среда, 19 септември 2012 06:07:00
СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. РАБОТА НА ПАТ: Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Извор: АМСМ

Hyundai во Париз ќе ја претстави три-вратната изведба на i30

Hyundai во Париз ќе ја прикаже третата каросериска изведба на моделот I30. Покрај досега претставените, стандардниот пет-вратен хечбек и караванската изведба, наскоро на пазарот ќе се појави и три-вратна верзија на моделот.

Освен очигледната разлика во бројот на вратите, оваа изведба од пет-вратниот модел се разликува по различниот дизајн на предниот браник кој има нови магленки, а променети се и централна решетка и предните светла. Помалку видливи се промените на задниот дел каде што браникот е со променет дизајн..

Што се однесува до техничкиот дел, три-вратната изведба нема да се разликува во ниту еден дел со останатите две верзии, што меѓу другото подразбира и дека моторите остануваат исти.

Извор: AvtoPortal