Решение и за нестрпливите возачи – Семафор во вид на песочен часовник

За многумина, чекањето на семафор претставува една од најомразените работи. Но што ако процесот на чекање на зеленото светло би бил малку поинтересен?…

Дизајнерот Thanva Tivаwong излезе со интересно решение кое сигурно би било идеално решение за оние кои не сакаат да чекаат на семафор. Ова негово решение всушност претставува семафор во вид на песочен часовник, со помош на кој во секој момент знаете кога ќе се упали посакуваното зелено светло.
Ова уникатно решение би можело да помогне во побрз проток на возилата и да не се створаат гужви, што е и всушност идејата на овој концепт. Но секако ќе биде и злоупотребуван од „уличните тркачи“ кој со душа чекаат ваква нешто на улиците.
Иако, со ваков концепт, би можело да се јави истиот проблем како и во Македонија сега, кога возачите броејќи 7,6,5… не дочекуваат до 0, па тргнуваат порано.

Извор: koli.com.mk

На повидок вештачки бензин, еколошки и поефтин

Британски научници моментално работат на усовршување на новото гориво што го развија, а кое во ист момент би било и ефтино и еколошко, пишува лондонскиот весник „Дејли мејл“….

Во прашање е гориво засновано врз водород кој при согорување не ослободува гасови на стаклената градина, а на бензиските пумпи треба да се најде за три до пет години по цена од околу 20 евроценти за литар.

Во некои акспекти, водородот е совршено гориво, вели професорото Стивен Бенингтон, научник кој раководи со овој проект. По единица тежина дава три пати повеќе енергија отколку бензинот, а при согорување произведува само вода.
Енергијата на водородот може да се искористи преку согорување на овој гас или пак при негова комбинација со кислород, во енергетските ќелии кои произведуваат електрична енергија.
Со полн резервоар „вештачки бензин“ би можело да се вози околу 500 до 600 километри, исто како и со виснинскиот бензин, а цената со сите давачки и такси би изнесувала околу 70 центи по литар, што е двојно помалку од сегашната цена.

Извор: koli.com.mk

Италијанците се најлоши возачи во Европа

Покрај тоа што другите ги квалификуваат како такви, интересно е што во голем процент самите Италијанци се изгласале за најлоши возачи на Стариот Континент…

Во анкета спроведена во Велика Британија, во која учествувале 30.000 луѓе кои редовно патуваат низ Европа, ги изгласале Италијанците за најлоши и најпроблематични возачи во Европа, со 23.7%.

По нив, очекувано – проблематични насекаде, Грците, со 15.6%. Полјаците се трети – 14%.

Интересно е што дури 29% од анкетираните лица со Италијански пасош се изјасниле дека возачките способности и навики на Италијанците не се на задоволително ниво.

Еве ја комплетната листа:

Најлоши возачи, по националност:

1) Италијанци – 23.7 %
2) Грци – 15.6 %
3) Полјаци – 14 %
4) Германци – 7.9 %
5) Французи – 7.7 %
6) Холанѓани – 5.6 %
7) Шпанци – 5 %
8) Британци – 4.1 %
9) Белгијци – 3.9 %
10) Швеѓани – 2.7 %
11) Данци – 2.5 %
12) Швајцарци – 2.2 %
13) Норвежани – 1.9 %
14) Австријци – 1.6 %
15) Финци – 1.5 %

Извор: koli.com.mk