Наследникот на Audi R8 на повидок

Претставниците на Audi потврдија дека компанијата размислува за развој на хибрид-дизел суперавтомобил кој би се поставил и над до сега неприкосновениот R8. Моделот би требало да биде конкуренција на McLaren P1, Porsche 918 Spyder и наследникот на Ferrari Enzo, а веројатно ќе го носи името R10.

Гласините велат дека во овој супер-брз автомобил ќе се најде технологија развиена за најновиот “R18 e-tron”, кој оваа година победи на Ле Ман. Директорот на технолошкиот развој на Audi, Волфганг Дурхајмер, во неодамнешно интервју изјави дека “дефинитивно има простор за спортски автомобил подобар од R8”. Тој напомена дека е уверен дека дизелскиот хибрид би се продавал одлично.

Доколку биде произведен, се очекува да има моќност од 700 коњски сили, а брзина од 100km/h би постигнувал за 3 секунди. Со таква моќност, највисоката брзина би изнесувала повеќе од 320km/h.

 

Извор: www.puls24.mk

Advertisements

Пет најлоши автомобили на сите времиња

Ви ги претставуваме петте најлоши автомобили одбрани од стручњаци и од самите возачи.

5. Fiat Multipla 1997

4. Trabant 1957

3. Peel Trident 1964

2. Jugo 1980

1. Ford Pinto 1960

Извор: www.puls24.mk

Ова е новата Volkswagen Buba во кабриолет верзија!

До саемот во L.A., кој почнува на крајот од ноември, остана уште многу време, толку многу што Volkswagen не можеше да причека, при што ги објави првите официјани фотографии за кабриолет верзијата Buba.

Не сме изненадени што новата Buba кабриолет ја следи истата формула видена како и кај својот претходник, комбинација од ретро стил со кров традиционално сместен позади задните седишта.

Volkswagen изјави дека со подигнат кров изгледа на првата генерација на Buba. Спуштањето на кровот трае 10 секунди и може да се спушти до брзина на возење од 48km/h.

На основниот модел ќе се најде 1.2 – литарски TSI со 104 КС, а останатите бензиски мотори ќе бидат понудени со 1.4 – литарски и 2.0  TSI со 158, односно со 197 КС.
Кога станува збор за дизелскиот агрегат, купувачите може да бираат помеѓу 1.6 – литарски и 2.0 литарски TDI со 103, односно 138 КС.

Golf BlueMotion троши 3,2 литра на 100 км

Golf BlueMotion е најавен на почетокот на идниот месец во Берлин,  каде што ќе се одржи претставувањето на новата генерација на Golf, а на саемот во Париз ќе дебитира во концептна форма.

Golf BlueMotion е најефикасниот Golf на сите времиња  во поглед на потрошувачката. Тој ќе троши 3.2 лит/100 км и ќе има емисија од јаглероден диоксид од 85g/км.

Golf BlueMotion има 1.6 – литарски TDI дизелски агрегат со 109 КС и 250 Nm обртен момент кој развива максимална брзина од 202 км/h.

Извор: www.puls24.mk