Кој е за кафе од V12 мотор?

Espresso Veloce Serie Titanio V12 апарат за кафе е филигрански изведено уметничко дело, кое со гаранција ќе биде најинтересниот предмет во секоја кујна.

Апаратот се состои од 90 компоненти, направени од титаниум, нерѓосувачки челик и алуминиум. Дизајнот е инспириран од моторите на „Формула 1“ и при тоа се мислело на секој детаљ… (прочитај повеќе) + (фото)

Извор: www.visokioktani.mk

Advertisements

КОЧНИЦИ ЗА “ИТНИ СЛУЧАИ” НА НОВИТЕ “VOLVO” КАМИОНИ

VOLVO TRUCKS CORPORATION

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО СО КАКВИ СОПИРАЧКИ РАСПОЛАГА НОВИОТ  “VOLVO” !

Извор: www.motika.com.mk

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија

Инвестициските можности што ги нуди  Македонија  во  автомобилската индустрија се претставени на светскиот конгрес за најновите случувања и перспективи во тој сектор, што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари.

Македонија претставена на светскиот конгрес за автомобилска индустрија.

На  конгресот,  настан во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAIAS), македонскиот штанд го претставија директорот на  Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо со неговиот тим и економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков.  Тие имаа средби со претставници на голем број компании со кои контактираат веќе подолго време, како и со компании присутни на економското претставување на Македонија од страна на Владата во ноември лани во Детроит.

– Присуството на државна институција од Македонија на конгресот беше позитивно оценето и од организаторот и од голем дел од учесниците кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На конгресот во Детроит учествуваат над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од САД и светот. Презентации извршија  претставници на Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи и БМВ,  како и глобални производители на компоненти како Денсо, Континентал, Магна, Џонсон Контролс, Брос и Борг Варнер. Беа презентирани и перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година. Освен Македонија, со свои штандови на конгресот се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана.

Извор: www.denesen.mk

На повидок нова фабрика за делови на БМВ и Мерцедес во Велес

Фабрика за делови за БМВ и Мерцедес

Во Велес ќе се гради фабрика за делови за автомобилите на БМВ и мерцедес во што германскиот инвеститор ќе вложи 20 милиони евра и која ќе овозможи вработување на 600 лица во првата фаза.
– До крајот на февруари се надевам ќе завршиме со преговорите и ќе успееме и во Велес да донесеме една нова гринфилд инвестиција. Таму има доста квалификувана работна рака и градот има позадина на индустрија. Се надеваме дека ова ќе направи пресврт во уште еден град и регион надвор од Скопје. Тој проект мене лично ќе ми биде во фокусот следниве два месеци – изјави министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, во интервју за Сител телевизија.

Според Самак, инвестицијата ќе претставува комбинација од трудоинтезивно и високотехнолошко производство.
– Се работи за некој вид комбинација од она што го прави “Џонсон Контролс” во Скопје и дополнителни пластични, рачни обработки. На крајот, деловите генерално ќе влегуваат во луксузните германски брендови, начелно БМВ и мерцедес – изјави министерот Самак кој вели дека компанијата “Мерцедес” направила ревизија и дала одлична оценка за почетното производство на “Дрекслмајер” во Кавадарци.
Министерот 2012 ја сумираше како незапаметена година во Македонија во поглед на бројот на нови фабрики кои почнаа да се градат или веќе да произведуваат и најави дека има уште неколку проекти за кои во моментов нема индикации дека ќе бидат откажани, а ќе се објават во текот на оваа година.

Извор: www.vecer.com.mk

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА

Британската компанија Xtrac која испорачува менувачи за тимовите од Формула 1 и за некои производители на скапи и луксузни модели, создаде нова трансмисија за спортски автомобили.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА

Проектот беше претставен на меѓународен симпозиум во Берлин, посветен на иновативни менувачи, како и на хибридни и електрични погон на автомобилите. Новиот 7-степен менувач на Xtrac беше наречена од компанијата „хибридна автоматизирана механика“. Таа е наменета главно за автомобили, чии мотори имаат вртежен момент помеѓу 800 и 1000 Nm, a ќе им овозможи да бидат доста поекономични и ќе исполнуваат еколошките норми кои ќе влезат во сила во 2020 година.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА2

Една од особеностите на трансмисија е 120-киловатен електромотор, кој и овозможува на машината да се движи само на електрична енергија до брзина од 150 km/h. Самиот менувач има неколку режими на работа – може возилото да биде управувано само на електрична енергија, само со моторот со внатрешно согорување или пак да ги комбинира и двата мотори како хибрид.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА3

Освен тоа менувачката кутијата има систем кој овозможува (како при трансмисија со двојно кохезија), менувањето на брзините да биде без загуба на енергија. Од Xtrac тврдат дека нивната разработка е лесна, помалку комплицирана како конструкција и поекономична од познатите досега менувачи со двојно кохезија. Тежината на новата кутија е 168 килограми, каде е и системот за обновување на енергијата при сопирање.

АНГЛИЧАНИ ПРЕТСТАВИЈА ХИБРИДНА ТРАНСМИСИЈА4

 

Извор: www.avtoplus.mk

Наследникот на Audi R8 на повидок

Претставниците на Audi потврдија дека компанијата размислува за развој на хибрид-дизел суперавтомобил кој би се поставил и над до сега неприкосновениот R8. Моделот би требало да биде конкуренција на McLaren P1, Porsche 918 Spyder и наследникот на Ferrari Enzo, а веројатно ќе го носи името R10.

Гласините велат дека во овој супер-брз автомобил ќе се најде технологија развиена за најновиот “R18 e-tron”, кој оваа година победи на Ле Ман. Директорот на технолошкиот развој на Audi, Волфганг Дурхајмер, во неодамнешно интервју изјави дека “дефинитивно има простор за спортски автомобил подобар од R8”. Тој напомена дека е уверен дека дизелскиот хибрид би се продавал одлично.

Доколку биде произведен, се очекува да има моќност од 700 коњски сили, а брзина од 100km/h би постигнувал за 3 секунди. Со таква моќност, највисоката брзина би изнесувала повеќе од 320km/h.

 

Извор: www.puls24.mk

Нешнел џиографик сними документарец за чудото по име нисан гт-р (ФОТО+ВИДЕО)

Нисан гт-р, кој важи за еден од најдобрите спортски автомобили на денешницата, кој влезе во петтата година од производството, ќе биде центарот на фокусот на следната епизода на документарецот Мегафабрики (Megafactories) на телевизијата Нешнел џиографик (National Geographic), кој ќе биде премиерно прикажан на 13 декември.

Како еден од најдобрите суперавтомобили во историјата, нисан гт-р е врвниот израз на марката Нисан и неговата филозофија „Иновација за сите“, изјавиле од Нешнел џиографик. „Ова е мултидимензионална спортска машина е олицетворение на концептот за „ултимативен суперавтомобил, кој може да го вози секој, секогаш и секаде“.

Најновата епизода од популарниот серијал е снимена во фабриката на Нисан во Точиги, Јапонија, каде што ќе може да видиме како се произведува најдостапниот суперавтомобил (В6 турбобензинскиот мотор на гт-р рачно се изработува во Јокохама), а продуцентите успеале да поразговараат и со луѓето одговорни за создавањето на оваа автомобилска икона.

Погледнете го продолжениот трејлер на специјалната епизода за нисан гт-р на Нешнал џиографик.

 

Погледнете го видеото за Nissan GT-R…

 

Извор: www.mkd.mk