Ова е новата Volkswagen Buba во кабриолет верзија!

До саемот во L.A., кој почнува на крајот од ноември, остана уште многу време, толку многу што Volkswagen не можеше да причека, при што ги објави првите официјани фотографии за кабриолет верзијата Buba.

Не сме изненадени што новата Buba кабриолет ја следи истата формула видена како и кај својот претходник, комбинација од ретро стил со кров традиционално сместен позади задните седишта.

Volkswagen изјави дека со подигнат кров изгледа на првата генерација на Buba. Спуштањето на кровот трае 10 секунди и може да се спушти до брзина на возење од 48km/h.

На основниот модел ќе се најде 1.2 – литарски TSI со 104 КС, а останатите бензиски мотори ќе бидат понудени со 1.4 – литарски и 2.0  TSI со 158, односно со 197 КС.
Кога станува збор за дизелскиот агрегат, купувачите може да бираат помеѓу 1.6 – литарски и 2.0 литарски TDI со 103, односно 138 КС.
Advertisements

Замрзнато ветробранско стакло? Volkswagen има решение!

Volkswagen развива нова технологија која треба да го го спречи замрзнувањето на ветробранското стакло – технологија наречена Low-E Coating…

VW групацијата заедно со Институтот за површинска технологија развива нова технологија наречена Low-E Coatting која претставува тенок премаз од индиум оксид, кој го спречува замрзнувањето и замаглувањето на ветробранското стакло. Oвој премаз би требало да спречува замрзнување на ветробранските стакла до темпертаури од -18 целзиусови степени.
Директорот на VW Thomas Drescher изјави дека овој премаз не може да ја спречи кондензацијата и замрзнувањето на ветробранското стакло на неодредено време, но сепак може многу да го ограничи тој процес.
Сепак, и ова револуционерно решеније има свои недостатоци, на пример е тоа што Low-E Coatting го блокира приемот на сигнали од мобилните мрежи. Доколку VW најде решение и за овој проблем, со сигурност може да кежеме дека Low-E Coatting ќе биде едно од најпрактичните решенија за замрзнатите ветробрански стакла и еден вид ново револуционерно решение во автоиндустријата.

Извор: koli.com.mk

НОВИОТ GOLF VII – ВНАТРЕШНОСТ

Ова се првите официјални видеа од новиот Golf VII. Се надеваме дека наскоро ќе видиме и нешто во живо. 

Погледнете го видеото за Volkswagen Golf VII…

Извор: Avto+

Како изгледа новиот Volkswagen Golf 7

На посебна манифестација организирана во Берлин специјално за него, Volkswagen ја претстави новата, седма по ред генерација на Golf.

 

Под мотото „Клучот за перфекцијата”, новата генерација на Golf блесна со сите свои атрибути пред многубројните присутни гости во берлинскиот национален музеј на уметностите. Дизајнот, како што знаевме, му е еволутивен, со јасна порака дека продолжува по стапките на досегашните шест генерации, кои за 38 години се продадоа во повеќе од 29 милиони примероци. Поставен на модуларната MQB платформа, Golf VII е долг 4.255, широк 1.799 и висок 1.452 mm, што значи дека е за 56 mm подолг, за 13 поширок и за 28 милиметри понизок од сегашната генерација. Меѓуоскиното растојание му е зголемено за 59 mm и сега изнесува 2.637 милиметри, а за 8, односно 6 mm се зголемени и трагите на тркалата напред и назад, од што директно профитираат просторот во кабината и багажникот, кој сега е поголем за 30 литри и располага со вкупно 380 dm³. При самото проектирање на возилото многу се внимавало на тежината, која со бројни мерки е намалена и до 100 kg во однос на сегашната генерација. Како директен резултат на тоа, потрошувачката на гориво која во просек е намалена за 13,9%, кај некои моторни верзии е помала за скоро четвртина.

Сега засега, од дизел моторите на располагање ќе бидат 1,6 и 2,0 литарските TDi мотори со 105 и 150 KS, додека бензинската моторната понуда се состои од два TSi мотора, малиот 1,2 литарски со 85 KS и современиот 1,4 литарски со деактивација на цилиндрите и 140 KS, познат од Polo BlueGT, кој, спарен со седумстепен DSG менувач, ќе може да помине 100 km со само 4,8 литри, притоа испуштајќи 112 g CO₂ во атмосферата. Во блиска иднина моторната понуда ќе биде проширена со нови три и четирицилиндрични турбо бензински и дизел мотори, а веќе во 2013 година ќе започнат да се појавуваат и неговите еколошки верзии – со погон на природен гас, хибридни електрични.

Производството на новата генерација на Golf започна уште на почетокот на август во фабриките на Volkswagen во Волфсбург и Цвикау, заради тоа што веќе во ноември ќе се најде во продажба на големите европски пазари.