Околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013.

Близу 100 милиони евра Владата ќе одвои за реконструкција и изградба на нови патишта низ земјава оваа година. Во 2013, 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата ќе бидат реконструирани или изградени, за нив се одвоени 17 милиони евра од буџетската каса.

Околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013

Според владиниот портпарол Ѓорѓиев ќе бидат вложени и 30 милиони евра во 11 регионални патишта со должина од 160 километри.

Владата одвоила и 200 милиони денари за старт на проектот за модернизација и воведување електронски системи за наплата на патарините.
Пари ќе има за секоја општина независно од составот на населението, нејзината големина или пак политичката припадност на градоначалникот, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

Патиштата дел од фокусот и на министерот за транспорт Јанакиески. Даде отчет за сработеното лани. Покрај инфраструктурните проекти во министерството се работеше и на набавка на 311 нови автобуси , проектот за водоснабдување и одведување отпадни води, се изградија 3 објекти, а 11 чекаат за целосна реализација на станови за социјално ранливи категории на лица, отуѓување на државно земјиште, решение за дивите превозници.

На граѓаните им се овозможени и пониски цени на авиобилетите преку проектот за финансиска поддршка на авиопревозници и склучениот договор со нискотарифната компанија Виз Ер која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Мулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен. – Поволните авиобилети за само два месеци, од кога беа воведени ги искористија повеќе од 112.000 граѓани, вели Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски.

2012 транспорт ја бележи и со стартот на големиот инвестициски циклус во железницата.

Во тек се проекти за целосна рехабилитација на пругите на три делници вредни 17,6 милиони евра. Се реконструира и делницата Куманово – Бељаковце за што се обезбедени 46,4 милиони евра. Добиени се средства и за изработка на проект за железничко поврзување со Албанија.

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Advertisements

Oд ноќеска бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 71 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно ќе се продаваат за 82 и 60 денари за литар како и досега.

Oд ноќеска бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката на РКЕ за 0,855 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 40,867 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,42 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

 

Извор: www.kanal5.com.mk

Делницата Катланово – Велес во завршна фаза

Небезбедни, стари, темни патишта, речиси без патна сигнализација и згора на тоа во делови налик на депонии. Потоа, неосветлени тунели, стари наплатни рампи на запуштени патарини. Ова е состојбата на дел од македонските автопатишта. Ќе заличат ли на европските?

Делницата Катланово – Велес во завршна фаза

Секако, ако некој сериозно се заложи да го реши проблемот, но не со ветувања туку на терен со факти- а за тоа е потребно време.

 Во последните неколку месеци сведоци сме на промени.

Делницата Катланово – Велес е во завршна фаза. Да убеди, со екипата на Канал 5 на терен излезе и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Се рехабилитираат 28 километри делница од автопатот Коридор 10.

Се осветлуваат тунелите, се заштитуваат критичните места со одрони за поголема безбедност.

– Тоа се овие три тунели од оваа делница, веќе се распишани тендери за нивно средување, голем дел од нив се завршени. Секако наидуваме во временски период кој што малку е полош, најверојатно за 10 дена ќе се отпочне со осветлување на тунелот поголемиот на влезот во Скопје од Велес кон Скопје, а сигнализацијата и бојадисување ќе ја оставиме за два месеци зависно од временските услови, вели Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта.

Додека да се автоматизираат се средуваат и патарините. Светлосна сигнализација, монитори за наплата, хортикултурано уредување.
Од октомври патарините преминаа во надлежност на Агенцијата за државни патишта. За само два месеци наплатата е зголемена за 14,6%.

Ќе се осветлуваат и поголемите клучки од Коридорот 8 и 10, кај Велес, Хиподром, Желино. Ќе има повеќе места за одмор со тоалети.

– Деновиве се отпочна активноста за проектирање и сметаме дека од пролет првата фаза на реализација на тој проект делницата од Велес до Кадрифаково со должина од 28 км под итно ќе треба да се рехабилитира, а тоа значи од постојните 6 метри кои што се во овој момент ќе треба да се прошират на 11 метри од таа траса и да добие две ленти по 3,5 метри и две по 2,5 метри. Така да имаме еден побезбеден сообраќај бидејќи таму имаше повеќе црни точки и сообраќајни незгоди на таа делница, вели Георгиевски.

Но она што е огледало на една нација е „свеста за чиста околина“- очигледно ја немаме. Агенцијата за патишта ќе ја подига свеста кај патниците со информативни табли преку кои ќе апелира да не се фрлаат кеси, пластични шишиња и други отпадоци со кои во моментов патиштата изгледаат на депонии.

 

Извор: www.kanal5.com.mk